Миризливи брзи двобојни мафини.
Јас ставав само по 1 лажица шеќер, бидејќи и чоколадото е благо и не ги допекував до крај, со цел да им се осети сочноста.
Ако сакате можете да ги печите уште по 2-3 минути.
Излегуваат 12 парчиња.

Во мала касерола на оган се ставаат маргаринот, шеќерот и црното чоколадо да се соединат.
се трга од оган па се додаваат јајцата и брашното.
Се промешува убаво.
Истата постапка е и со белата смеса.
Во хартиени корпи се тура половина од црната смеса и одозгора половина бела смеса.
Се редат во калапи за мафини и се печат по 8-9 минути на 180 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани