Двобојни колачиња
1. Овесните снегулки во Нутрибулет или некој блендер ги ситниме како брашно. Ги ставаме во длабок сад. Ги додаваме путерот од кикиритки, медот, јајцето, кокосовото масло и сода бикарбона. Смесата ја месиме со рака за убаво да се соединат состојките.
2. Од смесата одделуваме една третина. Смесата која јас ја добив беше 450 грама, од неа одделив 150 гр. Во помалиот дел го додаваме какаото. Месиме со рака.
3. Светлото и темното тесто ги делиме на еднакви делови, јас ги поделив на 17 дела. Темните делови тесто ги формираме во топчиња. Секој дел светло тесто со помош на дланките го расплескуваме, во средината ставаме едно топче од темното тесто , формираме топка, која со дланките ја притискаме.
4. Колачињата ги редиме во тава обложена со хартија за печење, печеме во загреана рерна на 180 степени 15 минути.
Лиценца: Сите права се задржани