Е ако за тиквичките пишав наш омилен ручек за гулашов не знам што да пишам
Сто пати сликана постапка на подготовка, а никогаш крајна слика, значи повеќе од омилен.
Гулаш кој нема запршка, кој останува згуснат и на мрсното и гулаш од кој каснал пораснал - ама во стомакот.

На загреано масло се става исецканиот кромид да се пржи се додека не стане стаклест.
Се додава исецканото телешко месо на ситни коцки.
Се остава така на тивко да се пржи околу 30 минути, па се додава излупениот црвен домат, ловоровиот лист, зачините.
Крчка на тивко се додека не испари течноста односно се додека не остане само на мрснотијата.
Се трга од оган се додава црвен пипер, се промешува и се налива вода онолку колку што да се покрие месото.
На тивко крчка уште 2 часа.
Се сервира со шпагети, пире.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани