Во редот на гулашите, еве и еден мој предлог нека стои овде...
 
- Исчистените и добро измиени печурки насецкајте ги на поголеми парчиња, панцетата на поситни коцки, морковот на трклаца, ситно насецкајте го кромидот.
- На загреан зејтин прво пропржете ја сланината и кромидот, потоа веднаш додадете го морковот, претходно попарени и исцедени сувите печурки - вргањот  и останатите исечени печурки. Добро ги испржете, зачинете ги со сув зеленчук и подливајте со вода према потребата. За цело време нека крчкаат на тивко.
- Кога печурките веќе напола омекнале, додадете го ловоровиот лист, по една гранка од мајоранот и целерот, осолете и нека продолжи тивко да се вари. Треба да остане скоро речиси на сосема малку течност, Сега во овој момент додадете го биберот.
- Растворете го нишестето во малку вода, додадете во киселата павлака - размешајте, додадете го ситно сецканиот лук или стиснат низ преса, магданосот и додадје оцетот. Вака спреманата смеса додадете ја кај печурките, пробркајте и нека сосема малку прокрчка колку да се спојат сите вкусови... тргнете настрана.
Сервирајте со пире или пак додека се спрема гулашот вие посебно направете рестован компир кој исто така е одличен прилог со овој гулаш.
Нека ви е слатко!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани