Лукот и кромидот исечкајте ги ситно и динстајте со две лажици маслиново масло. Додајте ги доматите и презлата. Оваа смеса и едно јајце додајте ја на меленото месо и добро измешајте. Додајте сол, бел пипер и оригано.
Компирите, тиквичките и модриот патлиџан насечкајте ги на тенки парчиња, испржете ги на масло и посолете. За оние кои не практикуваат мрсна храна, им препорачувам да ги пропржат на грил тава или на тостер.
Загрејте малку масло, во него додајте го брашното, млекото и малку проварете и зачинете. Додајте и 2 јајца предходно изматени. Слободно можете да додадете и 100 гр.рендан пармезан.
Мусаката редете ја на следниот начин, прво наредете го компирот, одозгора ставете една третина од бешамел сосот, потоа распоредете го месото, наредете го модриот патлиџан и тиквичките. На крај прелијте со остатокот од сосот и печете околу 45 минути на 200 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани