1
ное
2015
Гратинирани тост лепчиња
Тост лепчињата наредете ги во плех за печење.
Секое премачкајте го со 1,5 – 2 лажици кечап целосно, до самите рабови.
Ставете врз секое по еден лист тост салама, врз него на два спротивни агли по две половинки маслинка и покријте со лист кашкавал.
Одозгора поросете со оригано.
Ставете ги во загреана рерна на 220С и печете ги додека се стопи кашкавалот одозгора. Исто така можи и во микробранова кој има/сака.
Секое лепче пресечете го дијагонално, така што во секоја половинка ќе остани по една или две од вметнатите маслинки. Сервирајте по 3 лепчиња (6 половинки) на лице.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови