13
окт
2014
Грав со сланина
Ставете го гравот со малку вода да проврие и фрлете ја таа вода. Во измиениот грав ставете исечкан кромид, цели чешниња лук и сланината.Ставете да се вари, како сто испарува водата додавајте. Кога е сварен гравот тргнете го на стана. Во тавче ставете го маслото со брашното и пржете додека добие златно золта боја потоа додајте го црвениот пипер. Полека сипајте ја запршката во гравот постојано мешајќи. Зачинете го гравот со мешан сув зачин и ставете го сушеното нане. Проварете сé заедно неколку минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови