1. Во тенџере на оган ставте ги маргаринот, млекото, шеќерот и чоколадото. Мешајте додека да се растопи. Откако ќе се растопат оставте го да олади.
2. Во еден сад ставте го мелениот бисквит и мелениот орев. Промешајте да се соединат.
3. Оладената смеса од млекото, шеќерот, чоколадото и маргаринот додајте ја во мелените бисквити и мелените ореви.
4. Мешајте со лажица додека се спојат состојките и потоа замесете со рака.
5. Од смесата формирајте бомбици со големина од орев.
6. Оформените бобмици извалуткајте ги во мелен орев или мелен бисквит.
7. На секоја бомбица со прст и правиме мало дупче на средината (да дојде како гнездо).
8. Еуро кремот го ставаме во шприц и секое дупче го полниме со еуро крем.
9. Оставте ги малку да стегнат па сервирајте...Добар апетит

Забелшка-од оваа смеса излегуваат 35 бомбици.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани