Гибаница со макарони и фил
Најпрво ги вариме макароните во солена вода, но ги оставаме малку потврди бидејки со самото печење ќе се доварат.
Ги цедиме од водата и во нив ги додаваме шунката и сирењето.
Во друг сад настрана ги матиме јајцата заедно со павлаката и ги додаваме млекото и маслото. Кога убаво ќе ги измешаме смесата ја турваме до садото со макарони и убаво промешуваме.
Во тавче бр.30 претходно намрсено ставаме 4 кори и врз секоја кора попрскуваме малку масло.
Краевите на корите треба да виста надвор од тавчето. Врз четвртата кора го истураме филот и над филт потоа ги редиме останатите четири кори.
Со краевите од долните кори ја затвораме гибаницата и пак малку порскуваме со масло.
Печиме на 200 степени околу 20 минути,и потоа намалуваме на 180 и допекуваме уште 20 минути.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови