Од кога ја пробавме погачава, често ја спремаме за вечера или појадок.

Најпрво во 100 мл млеко се става шеќерот, се посолува, се додава квасецот и 2 лажици брашно и се меша да се соединат состојките. Се остава на страна да стаса квасецот. Во сад за месење се става брашното, останатото млеко, маслото, јајцата и стасаниот квасец. Се меси тесто и се остава да стаса. Сирењето се ренда и се меша со јајцата.
Стасаното тесто се дели на два дела. Првиот дел се сука во круг со големина на тепсијата во која ќе ја печете погачата (јас печев во 32 бр),се става во претходно намастена тепсија со маргарин. Врз кората се става целиот фил.
Вториот дел од тестот се сука пак во круг и со него се покрива филот. На средината од погачата се става една чаша завртена наопаку и се притиснува да се добие круг во средината. Останатиот дел од погачата се засекува на 10 дела од крајот кон средината. Секој дел се завиткува во спирала.
Целата погача се премачкува со разматено јајце. Кругот во средината се посипува со афион, а краевите со сусам.
Погачата се остава 15 минути да стаса и се пече на 180 степени околу 30 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани