Вљубени крофнички
Крофнички во вид на срциња. Кога ќе ги пробате, не верувам дека ќе посакате друг рецепт за крофни.
Подготвката е следна.
1. Во сад промешајте ги сувите состојки, а потоа додајте го млакото млеко во кое растворивте пола свеж квасец. Додајте го и зејтинот, па скршете го и јајцето, и замесете тесто. Ако ви е малку брашно доставете уште многу малку, колку да не лепи. Оставете го да стаса тестото.
2. Штом нараснало, растегнете кора, па од неа вадете крофнички во вид на срце. Моето калапче го има на споредните фотографии, па според него, мислам дека крофните се со одлична големина.
3. Ставете нека се загрее зејтинот, па пржете ги крофничките. Штом ја сменат бојата, вадете на кујнска хартија, да ја упијат мрснотијата. Превртувајте почето додека пржите да се испржат рамномерно.
По вкус валкајте ги во обичен шеќер или како мене попрскајте ги со шеќер во прав.
Нека ви е слатко.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови