Подготовка:

1. Лукот, патлиџаните и пиперките ајварки, кои се печени, па лупени, ги ставаме во сецкото.
2. Во кацерола на оган се запржува убаво, пржете малку подолго убаво да се запржи црвениот патлиџан, па се додава мешавината од пасиран обарен морков и мелени модри патлиџани. Додаваме масло ако е малку, затоа што при пржењето смесата пие доста масло. Кога смесата ќе се згусти и ќе биде убаво изпржена, зачинете со сол, магдонос и црн бибер. Оставете да отстои 15 минути, па изрендајте и тофу сирење. Зависи од тоа колку дома го сакаат тофу сирењето, помешајте го да се соедини или ако не сте многу љубители на него, нарендајте само на површината.
3. Сварените тестенини посипете ги со овој вкусен сос.
На здравје.

(Јас добив интересен вкус,затоа што користев готови печени пиперки од тегла.Тие беа со малку киселкаст вкус иако ги измив добро)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови