Вафли - Тостерки
Превкусни Вафли - Тостерки, кои се подготвуваат многу брзо. Може да се печат во специјален апарат за вафли - тостерки, но доколку немате таков апарат, одлично се прават и во обичен тостер, секако доколку не е леплив. Меки, воздушести, едноставно се превкусни, често застапени кај нас дома, овој пат ги спремив специјално за ужинка за ќерка ми (која ги обожава) за по пат до Охрид.
Подготовка
1. Во длабок сад за матење ги миксираме јајцата до нивно згуснување со постепено додавање на шеќерот. Потоа ја додаваме и ванилата. Сега ги додаваме млекото, па маслото - миксираме. На крај го додаваме брашното, претходно соединето со пецивото. Миксираме кратко до хомогенизирање.
2. Веднаш ставаме од смесата во апаратот за вафли (малку намрсен со масло) и ги печеме околу 3 минути (но тоа секако зависи и од моделот на апаратот кој го имате).
Забелешка - Може да ги јадете со чоколаден крем, мармалад, мед, само со прав шеќер или нешто друго по ваш вкус, иако и само така се превкусни со чаша ладно млеко.
Како мерка јас користев чаша како на дополнителната слика (240 мл).
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани