3
мар
2012
Ванилички
Се бијат убаво маста и шеќерот одкако ке се добие хомогена смеса се додава прашакот за пециво,две жолчки и едно јајце, пола филџан млеко и 3-4 ванилин шеќер одкако ке се измешаат убаво се додава брашното по потреба и се меси средно меко тесто.
Одкако ке се измеси тестотот се сучи кора во големина по желба и од неа со калапчиња се вадат форми од тестото,се редат на плех на кој има хартија за печење и се печат некаде околу 10 мин.
Кога добро ке се испечат се посипуваат со шеќер во прав.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови