Во сад за месење ставете ги сите состојки за тесто без брашното. Брашното постепено додавајте го и месите подолго време додека добиете изедначено средно меко тесто. Покријте го и оставете го 30-на минути да скисни. Потоа премесете го и поделете го на 20 дела. Секое делче размесете го и направете топче.
Секое топче развлечете го со сукалка во мала коричка и насредина ставете по едно лажиче мармалад. Затворете го и убаво притискајте со прстите да се залепи тестото и да не тече мармаладот.
Ставајте ги во тавава за печење бр. 26 намачкана со малку маргарин или масло, најпрво 1 на средина, па околу него 7 и третиот ред 12 топчиња.
Одозгора наредете парченца маргарин. Оставете го да нарасни околу 35 мин на топло.
Во меѓувреме загрејте ја рерната на 200 степени и печете го околу 35 минути.
Во текот на печењето покријте го со хартија за премногу да не потемни, бидејќи од шеќерот побрзо гори од тесто без шеќер.
Печеното бухтле покриено оставете го да олади и пред служење посипете го со шеќер во прав.
Совет
Јас во тестото додадов кора од лимон и портокал зашто го сакаме тој вкус, а може да се додаде екстракт од ванила и една лажица шеќер да се замени со 2 пакетчина ванилен шеќер.
Преубаво за појадок со чај по вкус!.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани