Бургери со вегетаријанска плескавица
Лепчињата за бургериве ги припремив според рецептот на следниов линк
1. Вегетаријанска плескавица- Меленото ленено семе го ставаме во мал длабок сад заедно со водата, промешуваме, оставаме да стои 10тина минути. Во блендер ги ставаме овесните снегулки и ги блендираме да станат како брашно. Во блендерот каде што се иситнетите овесни снегулки ги додаваме сите останати состојки за плескавицата вклучувајќи го и меленото ленено семе, само сецканиот магдонос не го додаваме . Блендираме да се соединат сите состојки. Го додаавме сецканиот магдонос и со лажица промешуваме. Смесата ја оставаме да стои во фрижидер 1 час.
2. По еден час од смесата формираме плескавици, мене ми излегоа 5 плескавици. На оган ставаме тавче со нелепливо дно, додаваме маслиново масло и ги пржиме од двете страни. По потреба се додава маслиново масло.
3. Карамелизиран кромид- Кромидот го чистиме и сечeме на тенки резанки. Во тавче на оган го ставаме маслиното масло да се загрее, го пржиме кромидот 10 тина минути. Додаваме сол и балсамико, пржиме. При крајот го додаваме медот, пржиме уште неколку минути. Го тргаме од оган.
4. Сос- киселите краставички ги сецкате на ситни коцки. Ги ставате во длабок сад со сите останати состојки и промешувате.
5. Припрема на бургери- Лепчињата за бургерите ги сечeме на половина. Во тавчето во кое го правевме карамелизираниот кромид, на оган на средна температура ги ставаме со внатрешната страна надолу и ги потпекуваме. Долното лепче од бургер лепчињата го ставаме во чинија, премачкуваме со една лажица песто, ставаме еден лист марула, па ја ставаме плескавицата. Врз плескавицата ставаме една лажица рендан кашкавал, карамелизиран кромид, па сос со кисели краставички. Поклопуваме со горното лепче.
Уживајте во превкусниот бургер.
Лиценца: Сите права се задржани