Брускети со намаз од туна
Имам многу идеи само нема време да ги реализирам, ах брускети, едноставно ги обожавам.
Да го подготвиме намазот
Пченката поварете ја малу на оган околу 5-6 мин, исцеде ја и заедно со туната и сокот ставете ги во Нутрибулет додека не добиете намаз.
Францускиот леб исечете го на косо намачкајте го со путер, и ставете го во рерна да се пече 12 мин. да порумени, но не и да изгоре.
Сервирајте со намазот и парчиња туна.
Забелешка
Јас кога подготвувам брускети, лебчето кога ќе се испече со путер додека е топло, го премачкувам со свеж лук. Му поминувам само еднаш, колку да фати вкус, меѓутоа тоа е ваша желба.
Користам замрзната пченка од видот шеќерац, бидејки сепак не им е сезона.
Секако сокот од лимон можете да ставите по ваша желба, додека сакате покисели вкусови (како мене) ставете сок од пола лимон, а а ако не, ставете помалце.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови