Бриош бургер
- Сите суви состојки измешајте ги. Додадете во нив топлото млеко и вода, лесно сматените јајца. На крај додадете го стопениот и оладен путер или маргарин и замесете тестото кое е меко, но не додавајте брашно. Покријте и оставете да стаса околу 30 мин. Откако стасало преместете го на работната површина и доколку ви лепи и неможете да го оформувате, посипете на работната површина многу малку брашно, размесете и поделете го на толку делови колку сакате да биде големината. Оформете ги во топчиња, ставете во тава постелена со хартија за печење, оставете да стасаат околу 15 мин. премачкајте со разматената жолчка и млекото, посипете со од вас изберено семе, за кое време ке ја вклучите рерната на 200 степени. Стасани ставете ги да се печат - зависно од самата рерна - околу 15-20 мин.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани