Подготовка

Во тенџере на оган ставете ги водата, путерот и шеќерот да зовријат. Потоа, тргнете го тенџерето од оган и додадете мелени ореви, мелени бисквити, какао.
- Чоколадото растопете го и додадете го во смесата. Убаво промешајте да добиете еднолична смеса.
- Оваа смеса распоредете ја во тавче, како основа на колачот.

Шлаг кремот, млекото и какаото изматете ги со миксер. Додадете мелени ореви.
- Чоколадото, путерот и шеќерот растопете ги на пареа и почекајте неколку минути малку да олади смесата, а потоа додадете ја во шлагот. Промешајте убаво и распоредете го целиот фил врз колачот во тавчето.
- Колачот ставете го во фрижидер малку да стегни, па послужете.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани