Брз чоколаден ролат
Ова е супер брз рецепт за многу вкусен чоколаден ролат , за кој не е потребно многу време за подготовка и е одлична идеја за вкусен десерт за претстојните празници. Подготовката е следна
1. Јајцата, пред да ги матите оставете ги кратко време на собна температура, а потоа одделете ги белките од жолчките.
2. Во подлабок сад за матење ставете ги белките. Матете со најголема брзина на миксерот и постепено додавајте го шеќерот и ванилиниот шеќер. Откако ќе добиете густ шам, една по една, додавајте ги жолчките. Намалете ја брзината на миксерот и додајте ги млекото и маслото. Пред крај додајте ги сувите состојки ( брашно, мелени лешници, какао и пециво). Со лажица убаво изедначете ја смесата.
3. Рамномерно распоредете ја во голем плех од рерна во кој претходно сте ставиле хартија за печење. Тестото за ролатот печете го во загреана рерна на 180 степени 20 мин.
4. Откако е испечено, врз горната страна од тестото, наросете малку шеќер во прав (за да не се залепи горната коричка) и превртете го врз друга хартија за печење, или влажна крпа. Замотајте го заедно со хартијата/крпата како ролат и оставете убаво да се излади.
5. Во меѓувреме подгответе го филот. Во сад за матење пенесто изматете го путерот кој претходно стоел на собна температура. Во садот додајте го еурокремот и убаво со миксерот изедначете го филот.
6. Испеченото и изладено тесто одмотајте го и врз него рамномерно размачкајте го чоколадниот фил. Врз филот распределете го и ситно сецканото чоколадо со кршени лешници. Замотајте ролат и оставете го во фрижидер убаво да се излади и стегне.
7. На крај растопете го чоколадото за готвење и со него прелијте го ролатот. Украсете и сечете парчиња со големина по желба.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови