18
фев
2015
Брз ручек од шпагети и сос
Лесен, брз ручек.
Прво се става вода во една касерола да зоврие, па се додаваат шпагетите да се варат.
за тоа време се спрема сосот.
Соините трошки се потопуваат во вода да одстојат неколку минути, па се цедат.
На маслиново масло се пропржува сецканиот праз, се додава сланинкатат, па соините рошки.
Сето заедно се пржи 3-4 минути, се зачинува по вкус и се додава доматниот сос.
Крчка уште некоја минута.
Сварените шпагети се цедата и се прелеваат со спремениот сос.
Ние комбиниравме и со убаво парче сирење.
Лиценца: Сите права се задржани