Испечати

Брз ручек од шпагети и сос

Брз ручек од шпагети и сос

Состојки

  • 300гр шпагети
  • сос
  • 1 страк сецкан праз
  • 100гр соини трошки
  • 100гр сецкана пушена сланина
  • 200мл доматен сос
  • маслиново масло, сол, бибер, оригано, чубрика

Подготовка

Лесен, брз ручек.
Прво се става вода во една касерола да зоврие, па се додаваат шпагетите да се варат.
за тоа време се спрема сосот.
Соините трошки се потопуваат во вода да одстојат неколку минути, па се цедат.
На маслиново масло се пропржува сецканиот праз, се додава сланинкатат, па соините рошки.
Сето заедно се пржи 3-4 минути, се зачинува по вкус и се додава доматниот сос.
Крчка уште некоја минута.
Сварените шпагети се цедата и се прелеваат со спремениот сос.
Ние комбиниравме и со убаво парче сирење.