3
авг
2014
Брз и сочен колач со ореви
1. Најпрво ги матиме јајцата и шеќерот.
2. Откако добро ќе се изматат и ќе се стопи шеќерот, почнуваме да ги додаваме и останатите состојки - млекото, зејтинот, брашното, пецивото, ванилата и оревите.
3. Се промешува за да се изедначи смесата.
4. Потоа, се истура смесата во тава за печење бр. 40.
5. Колачот го печеме околу 25 минути, на температура од 180 степени.
6. Откако колачот ќе се испече, додека е уште врел, врз него го истураме преливот (ладната вода, шеќерот и исцедениот лимон).
7. Го декорираме по желба, во мојов случај искористив мелени бисквити, но можете да употребите шлаг крем и кора од портокал или пак чоколаден прелив.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Благодарам однапред.