
21
мар
2015
Брзо пилешко на мандарински начин
Исечкајте го месото на коцки. Посипете лук во прав врз пилешкото од двете страни. Посолете го и ставете бибер и чили. Во длабока тава ставете ги шеќерот, сосот од соја и сокот од лимон. Варете најмногу 5-6 минути, а потоа додајте ја водата. Додајте го брашното, а потоа во сосот ставете ги пилешките коцки. Послужете со ориз (или компир).
Добар апетит
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови