17
јан
2016
Брзи погачки
Сигурно и вие спаѓате во обожавателите на месеното, па во прилог ви претставувам еден лесен рецепт што ќе ве воодушеви.
Квасецот се меша во замлаченото млеко, се додава растопениот путер, маслото, солта, шеќерот и брашното.
Веднаш се расукува кора, не стасуваат.
Со чаша за ракија се вадат кржни форми и се ставаат да се печат на 200 степени.
Совет- можете да ги искомбинирате со што сакате, еурокрем, мармалад, шеќер во прав, цимет, во тестото можете да измешате и рендана кора од портокал, лимон.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови