По испробани неколку рецепти за вафли, останувам на овој. Нам најмногу ни се допадна.

Јајцата убаво изматете ги со шеќерот. Додадете го маслото, матете да се згусне. Потоа додадете го млекото, брашното и пецивото. Матете додека убаво не се соедини смесата.
Треба да добиете густа смеса, погуста од таа за палчинки. Затоа е пишано 18-20 лажици брашно. Ќе внимавате да не е прегусто. Треба да паѓа од лажица, не да тече како смесата за палачинки.

Загрејте го апаратчето за вафли и на загреана плоча ставете од смесата, размачкајте ја убаво смесата по плочата и затворете. Печете 5-8 минути.
Вафлите се готови.

Пишав 5 до 8 мин бидејки готови се вафлите по 5 минути, но јас ги сакам малку со коричка, па ги печам подолго.

Служете ги со крем, џем или што ви е по воља. Пилиштарциве си ги јадат веднаш и без ништо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани