4
ное
2015
Брза пита со печурки
Брза едноставна пита која лесно се подготвува.
Јајцата се матат со сол и им се додава павлаката. Се мати додека убаво се спои смесата, па се додава и зејтинот. Полека кон изматената смеса се додаваат брашното и пецивото и убаво се соединува смесата. Може убаво да се измеша со жица или со миксер на најмалата брзина. Се додаваат убаво исцедените печурки и една лажица сончоглед. Смесата се сипе во подмачкан плех, се посипува со сусам и сончоглед и се пече на 200степени околу 20 минути. Ако се додаде сирење солта се прилагодува по вкус. Сирењето дробено за да се почувствува вкусот повеќе затоа што ако е рендано ќе се стопи и тестото ќе е повлажно.
Лиценца: Сите права се задржани