Брза пита со кори
Никогаш не се доста вакви рецепти кои секојпат се особено вкусни, ама и лесни за подготовка...
Подготовка
1. Ја вклучуваме рерната на 200 степени да ни се загрее.
2. Најпрво со рачна маталка ги соединуваме состојките за премачкување на корите. Ја оставаме смесата да отстои околу 15 минути.
3. Ги подготвуваме состојките за филот, сечкана салама, урда и пармезан
4. Во тава бр.26 редиме прва кора која малку сме ја згужвале, премачкуваме од преливот со силиконска четка, ставаме од филот, така пак ставаме кора, премачкуваме и на секоја 4-та кора ставаме фил. Вака се додека да ни се потроши смесата и филот, како и корите.
5. На крајот ја премачкуваме со разматено јајце и посипуваме со сусам.
6. Печеме околу 35 минути или да ни поцрвени и убаво се запече.
Забелешка
Може и секоја втора кора да се премачкува со смесата, а секоја четврта со фил.
Филот можеме да го соединиме или посебно да го распоредуваме.
Лиценца: Сите права се задржани