11
јан
2021
Бостон торта
1. Прво се топи чоколадото со слатката павлака за да се излади час два во фрижидер.
2. Се матат јајцата со шеќерот и ванилата, се додава млекото, маслото и на крај брашното и пецивото. Во тркалезен калап (бр 22)со механизам обложен со мрсна хартија на дното се става смесата и се пече на 180 степени.
3. Пудингот се вари според упатството на кесичката и се додава маргаринот.
4. Над испеченото тесто со помош на рачката на дрвена лажица се прават дупчиња. Над тестото се додава пудинг кремата и се остава да се излади. Се мати павлаката со чоколадото додека не се згусне. Се премачкува тортата со чоколадната крема, се наросува какао и се остава да се стегне 2 часа.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови