Бомбици со слатко од цреши
1. Црешите се ставаат во цедилка да се исцедат од шербетот
2. Се прелаваат со румот и се оставаат да одстојат 1 час
3. Се цедат на хартиена салфета
4. Се топи чоколадото на пареа или во микробранова печка
5. Се додаваат оревите потпечени и мелени
6. Се додава шеќерот и се меша да се добие хомогена смеса
7. Смесата се става во фрижидер да се здрви
8. Од смесата се формираат бомбици и во секоја бомбица се втиснува по една цреша
9. Секоја бомбица се препелка во чоколадните трошки и се става во хартиена кошничка
Бомбиците може да се подготват и во бела варијанта со бело чоколадо
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови