Превкусни и здрави бомбици, ќе уживате во нивниот вкус.

Подготовка
-Најпрво, оризот сварете го, процедете го и тргнете го на страна.
-Во тенџере на оган ставете го оризовото млеко, кокосовото масло, путерот и шеќерот да зовријат.
-Густинот со кокосовото млеко разматете го и додадете го во тенџерето и мешајте убаво. Кога ќе почне да станува густо, веднаш тргнете го од оган.
-Оставете го нека одмори 5 минути
-Во топлата смеса, додадете го варениот ориз и постепено додавајте го и кокосот со постојано мешање. Оставете малку да се олади смесата а потоа формирајте бомбици, валкајте ги во кокос и ставајте им по еден бадем или нешто друго по ваша желба.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани