Овие бомбици одамна ги видов во некој весник, па од тогаш секогаш си ги правам за родендени или слави. Краставичките ги рендаме и ја цедиме водата од нив. Шунката ја сецкаме ситно. Сирењето го гмечиме со вилушка и во него ги додаваме шунката и краставичките и 1 лажичка оригано.
Правиме бомбици од смесата.
За декорација можете да ставете буковец, оригано или свеж магданос ситно исецкан. Лесно и брзо и интересно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови