Испечати

Бомбици од сирење

Бомбици од сирење

Состојки

  • 300гр кравјо сирење
  • 2-3 рендани кисели краставички
  • 100гр. шунка или какво сакате сувомесно
  • 1 лажиче оригано

Подготовка

Овие бомбици одамна ги видов во некој весник, па од тогаш секогаш си ги правам за родендени или слави. Краставичките ги рендаме и ја цедиме водата од нив. Шунката ја сецкаме ситно. Сирењето го гмечиме со вилушка и во него ги додаваме шунката и краставичките и 1 лажичка оригано.
Правиме бомбици од смесата.
За декорација можете да ставете буковец, оригано или свеж магданос ситно исецкан. Лесно и брзо и интересно.