Божиќни ванила колачиња - потковици
- Од брашното, путерот (или маргарин), шеќерот, мелените ореви или бадеми, ванилиниот шеќер и белката замесете крцкаво тесто, замотајте во стреч фолија или во покриен сад, оставете да одстои најмалку 1 час. По што ќе земате од тестото и ќе направите ваљак - потенок, сечете и формирајте ги потковиците или уште поедноставно - расукајте округла форма и со чаша вадете полумесечини. Тоа останува на вас... која форма сакате да ја имате.
Редете во тавката постелена со хартија за печење, печете ги околу 10-15 мин, на180 степени - но ке напоменам дека сепак секој знае како пече неговара рерна.
Извадете ги внимателно и посипете или увалкајте со мешавината од шеќерот во прав и ванилиниот шеќер додека се топли.
За да ви останат крцкави соберете во лимените кутии.
Потковиците ја красат празничната тацна со колачиња.
Лиценца: Сите права се задржани