Божиќна фантазија
Мирисна и декоративна торта која ќе ја збогати вашата Божиќна трпеза. Готовиот фондан е прекрасен за изработка на разни украсни форми, кои ќе допринесат во очите на вашите најблиски да бидете вистински слаткари.
Подготовка
1. Готовата смеса за овошен колач ја подготвуваме според упатството, па откако ќе ја изматиме додаваме чоколадни капки и рендана кора од портокал.
2. Ја истураме во намрсено и набрашнето тавче бр. 21, ја печеме според упатството околу 50 минути. Ја оставаме да се излади пред да ја сечеме.
3. За филот вариме 400 мл млеко, а во остатокот ги раствораме пудинзите заедно со шеќерот. Кога ќе почне да врие млекото, го ставаме пудингот и мешаме додека да згусне. Го оставаме сосема да излади.
4. Путерот го матиме пенасто и го соединуваме со изладениот пудинг. Мал дел од филот оставаме на страна, со него ќе ја премачкаме тортата, а во останатиот ставаме околу 50 гр шеќерни трошки. Филот ни е подготвен.
5. Врвот на колачот го отстрануваме за да колачот ни биде рамен. Останатиот дел го сечеме на два дела. Ја филуваме тортата со филот со шеќерни трошки, а ја премачкуваме филот што го тргнавме на страна.
6. Тортата ја декорираме со смесите за фондан, по желба и сопствен вкус.
Забелешка
За да ви биде побрза подготовката на фил, може да користите инстант пудинг.
Лиценца: Сите права се задржани
Tvojata umesnost e beskrajna ...
Barav od proizvodive, ama mnogu malku gi ima, a stvarno siroka paleta imale ... pozz
А од производиве да бараш по големиве и снабдениве објакти, тинекс и Веро ги имаат...и навистина вкусни и лесни заподготовка, кај мене и маливе готват од нив:)