Богата лења пита со јаболка
Изрендајте ги јаболката и оставете ги да се цедат додека го приготвувате тестото.
Жолчките и шеќерот матете ги со миксер додека се стопи шеќерот. Во меѓувреме додајте го лимон шеќерот или на крај ренданата кора од лимон, измешајте, па со дрвена лажица или слично постепено додавајте го брашното и мешајте.
Доколку немате саморастечко брашно, правете со обично и додадете 1 пакетче пециво.
Потоа на крај додадете го омекнатиот маргарин или путер и најдобро е да месите на набрашнета работна површина, убаво до глатко и мазно тесто.
Тестото поделете го на два дела. Едниот расплескајте го и ставете го во замрзнувач, а другиот исучете го во кора со димензии 20х30. Јас го расплескав врз намастената и набрашнетата тава со раце и потоа со ваљаче го распоредив директно во тавата. Вака е секако полесно.
Белките изматете ги со шеќерот, додадете го мармаладот и на крај вмешајте ги јаболката и мелените ореви.
Втора верзија на филот е да се стават врз тестото прво ренданите јаболка, па потоа шамот од белки врз нив.
Јас работев по првата затоа што мене вкусот така ме влечеше, но ако се одлучите за втората верзија, ќе добиете секако поинтересен пресек.
Филот премачкајте го врз тестото во тавата.
Слободно сркнувајте си од него, многу е обемен и ич нема да ви фали : )
Извадете го тестотo од замрзнувач и изрендајте го рамномерно врз филот.
Печете во загреана рерна од 170, 180С 50 минути.
Јас од старт го покрив одозгора со алу-фолија, затоа што рерната брзо ми ги печи, па пред крај ја извадив за да за зацрвени. Доколку го покривате во текот на печењето, ќе видите, можеби ќе има потреба уште некоја минутка плус да е во рерната. Јадранка вели, во текот на печењето, добро е да ја завртите тавата барем еднаш.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови