14
апр
2020
Бобанова Торта
1. Печката се загрева на 170С ,а калапот е бр 26см.
2. Се бијат белтоците со шеќерот во цврст и сјаен снег.
3. Посебно се матат жолтоците со пецивото.
4. На пареа се топи 120 гр чоколадо и се става потоа во смесата од жолтоци. Потоа се префрлува во белтоците и со шпатула се меша.
5. Се печи во калап намрсен со маргарин и посипан со брашно околу 35мин. Бисквитот цел ќе се крени, а кога ќе го извадиме ќе спласне. Така треба да биде.
6. Печениот бисквит се оладува и се премачкува со мармаладот од боровинки.
7. Одозгора се става шлаг.
8. Пред служење добро да се олади.
Лиценца: Сите права се задржани