Бел мус со праски и малини
Од соиното млеко извадете неколку лажици и разматете го густинот во еден филџан со нив. Остатокот од соиното млеко ставете ги во сад на оган и додате го какао путерот или белото чоколадо, доколку немате какао путер. Кога ќе се растопи и соедини со млекото, додадете го и разредениот густин и мешајте непрекинато. Додадете 1 лажица ликер. Тргнете го белот мус на страна малку да се олади и половина од него распоредете го во 2 или 3 сада.
Врз мусот додадете малку кршени бисквити и малини. Потоа врз нив ставете го остатаокот од мусот во сите садови. Исечете свежа праска и ставете ја врз вториот слој од мус, а врз праската наредете уште еден слој малини. Послужете по желба со шлаг и прелив доколку сакате.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови