17
мар
2020
Беломорски десерт (посно)
Вистинско слатко задоволство! Интересно за овој рецепт е тоа што остава простор за експериментирање.
Подготовката е лесна
1. Портокалите исечете ги на половина. Внимателно извадете ја внатрешноста со лажица.
2. Во еден сад, соединете и промешајте ги варениот ориз, бадемовото млеко, шеќерот во прав, ситно исецканите ореви, ситно исецканата брусница и ванилата
3. Со оваа смеса наполнете ги половинките портокали. Декорирајте по желба.
Добар апетит!
Забелешка
Може да додадете други јаткасти плодови или мусли итн...Бадемовото млеко, исто така, може да се замени со соино или кокосово млеко. И сето тоа во зависност од вашиот вкус.
Лиценца: Сите права се задржани