13
ное
2017
Бела обланда со желе
Матете ги со жица жолчката и шеќерот, додајте го млекото и ситно кршеното чоколадо и ставете ги на рингла на ниска температура да се стопат. Потоа мешајте со жицата уште некои 5 минути, па останатите 10 на 2-3 пати матете со миксер додека не се згуснe како течен пудинг. Оставете го да се олади, да додадете го омекнатиот маргарин и аромата бурбон ванила (ако немате екстракт, ставете во прав) и повторно убаво изматете го заедно да се соедини. Обландата омекнете ја во влажна крпа, премачкајте ја со кремот целосно. Исечкајте го желето и распоредете го врз филот, па завиткајте ја обландата во ролат. Оставете убаво да се стегнe во фрижидер.