Бајадерина обланда
Подготовката на сите три фила е иста
1. Во сад на огин се става млекото со шеќерот и маргаринот да се соединат па во таа смеса се додава посебно за секој фил -
- ВО ПРВАТА се додаваат мелените, потпечени ореви
- ВО ВТОРАТА се додава кокосот ( кај мене овој пат беше нешто јадар кокосот)
- ВО ТРЕТАТА се додаваат какаото и мелените бисквити
2. Смесите уште додека се топли се нанесуваат на обландите и се реди
3. На првата обланда се премачкува филот од ореви, па се става втората обланда, се премачкува со филот од кокос, па се става третата обланда и се премачкува со филот од бисквити и најозгора се става четвртата обланда (односно половина лист обланда)
4. Се попрскува озгора со сечкани ореви (потпечени може) и се прелива со растопено чоколадо
Лиценца: Сите права се задржани