23
ное
2012
Баник со спанаќ
Квасецот, водата и солта се замесуваат со брашното. Се измесува убаво и се остава да скисне 15-20 мин. Потоа се дели на 5 пупчиња и секоа се сука и се полива со спанаќ и малце масло, а потоа тестото се витка. Витката се става во тавичка од средината накај крајот во круг. Потоа се остава половина час, па се пече 15- 20 мин да зарумене.
Баникот се комбинира со павлака или јогурт.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови