1. Во чашата на Нутрибулетот ги ставаме сите состојки, бананата ја пасираме и ја додаваме и неа. Кратко блендираме ( со пулсирање) на неколку пати до добивање на глатка смеса.

2. Тавата за пржење на палачинки (по можност Делимано, или некоја друга нелеплива тава) малку ја намастуваме, ставаме од смесата рамномерно насекаде директно од чашата на нутрибулетот. Јас ги направив големи, а може да се направат и помалечки - по желба. Пред секоја наредна палачинка повторно ја намастуваме тавата.

3. Пржиме на послаба температура ( јас на 3-ка од вкупно 6) од едната страна, па превртуваме и од другата страна да се допече палачинката.

4. Секоја палачинка ја премачкуваме со еурокрем, ставаме тенки парчиња банана, декорираме со чоколаден прелив и мелена плазма.

Забелешка
- По вкус може да се премачкаат со мед или мармалад.
- За љубителите на јаболко, може да се направат овие палачинки со истите состојки, ама со замена на бананата со 1 рендано јаболко. Истотака превкусни се и со замена на бананата со круша, и додавање плус малку цимет и 1 лажица мед.....или по ваш вкус може да експериментирате со овошје по ваша желба.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани