1. Испасирајте ги бананите, додадете ги јајцата и промешајте со жица за матење. Потоа додадете ги шеќерот и маслото за јадење, повторно промешајте со жицата. На крај додајте ги брашното и какаото и промешајте со шпатула.
2. Смесата ставете ја во калап обложен со хартија за печење и нанесете врз смесата насекаде од сечканото чоколадо. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 15 минути.
Мојот калап беше со димензии 20см на 30см. Внимавајте да не го препечете, браунисот не треба никогаш да биде препечен.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани