1. Рерната се вклучува на 200 ст. Ц, јаболката се лупат и се рендаат, оревите се сецкаат(јас ги ставив во најлон и одозгора со оклагија ги притискав). Се мешаат јаболката и оревите.
2. Тавчето се премачкува со малку зејтин, се става кора и се попрскува со мешавина од зејтинот и водата. Врз неа се става друга кора и таа се попрскува. Се става од филот со јаболка, секаде рамномерно. така се прави се додека се истрошат сите кори и целиот фил. Одозгора се завршува со кори. Се прелива со остатокот од мешавината вода-зејтин и се сече на коцки.
3. Се пече 35 мин.
4. Се вари прелив од наведените состојки и се прелива додека е топло. Се остава да се излади.

Ова е една многу лесна, не многу блага и вкусна баклава. Пребарувајки на интернет, кога ја најдов, воопшто не се двоумев да ја направам. И не погрешив.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови