Убаво, вкусно, право зимско јадење. Се подготвува малку подолго време, но вреди секој потрошен момент. Можете да го подготвите и на рингла но и во рерна, одберете сами. Прилогот може и да го промените, на пр. со ориз или друг по ваш избор, но и без прилог да го јадете нема да погрешите.

Подготовка:

1. Најпрво, во жешко масло пропржете го месото од сите страни. Извадете го и во маслото ставете го исечканиот кромид, испржете го, додајте го лукчето и морковот, исечканиот целер, пропржете уште малку и вратете го месото.
2. После неколку минути додајте ја пастата од домати, измешајте и ставете го виното и водата. Зачинете со сув зачин, ставете доста бибер, неколку листа ловор, една лажица сува мајчина душичка, малку рендано морско оревче. Покријте го тенџерето и варете го на ниска температура 2.5 до 3 часа.
3. Откако ќе биде готово, месото треба да се распаѓа, па ако го служите со тестенина тогаш со вилушка расцепкајте го. Тестенината сварете ја на стандарден начин. Послужете го со чаша убаво, црно вино и уживајте.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови