Почувствувајте ја есента во вашиот дом со овие вкусни мафини со печена тиква. Наполнете го вашиот дом со мирис на слатки, меки и вкусни ароми на цимет, ванила, тиква....овие неодоливи мафини брзо ќе ги снема од чинијата. Она што ми се допаѓа кај овој рецепт е неговата едноставност, не сакам комплицирани рецепти за кои е потребно многу време и прават хаос во кујната. Тука дури и не се користи миксер, а излегуаат околу 15 мафини.

Подготовка

Ставете ја испасираната печена тиква во сад, додадете ги јајцата, маслото, млекото и измешајте сè убаво со вилушка.
Додадете ги полека просеаното брашно, шеќерот, циметот, содата, прашокот за пециво, ванилиниот шеќер, солта и зачинот за медењаци (ако немате додадете малку мелено каранфилче или морско оревче по желба). Измешајте убаво да добиете компактна смеса.
Загрејте ја рерната на 250 Ц степени.
Земете ја тавата за мафини и намрсете ги дупките. Полнете ги дупките околу 2/3 користејќи лажица.
Ставете да се печат и намалете ја топлината на 180 Ц степени. Печете околу 20 минути. Проверете дали мафините се печени со чепкалка за заби.
По печењето, ако има уште малку смеса, повторете ја постапката.
Тоа е тоа, уживајте во највкусните мафини.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови