Арабска Палачинка
Малку различни палачинки, па нели Арабски, овие палачинки се честа појава на трпезите за време на Рамазанските пости.
Прво мора да го спремите прво филот.
Загрејте ги млекото и павлаката со шеќерот, додадете го растоврениот пудинг или нишестето во кој сте ги додале ароматите кои и не мора да ги ставите доколку ги немате, доволно и само ванила, сварете, тргнете настрана да олади покривајки го притоа со прозирна фолија за да не фати кора.
Сега спремете го тестото
1. Во млака вода растворете го квасацот со шеќерот.
2. Во садот кој сте го одредила да ја спремите смесата ставете го млакото млеко, додадете го овде растворениот квасец и додадете го брашното во кое сте го измешале пицовото.
Измешајте. Ќе добиете малку погуста смеса од што за нашите класични палачинки. Оставете да одстои 20 мин.
3. Загрејте ја тавката (Супер ако имате Делимано) , со мала црпка црпете од смесата и ставете на средината на тавката. Печете ги само од едната страна. Се познава кога се готови, Ќе се промени бојата на тестото и целата горна површина е со ситни меури. (Погледнете ја фотографијата- така треба да изгледа кога е готова)
4. Филот со миксер измиксајте го.
5. Земете во раката една палачинка, свиткајте ја по рабовите до половината притоа стискајте ки со прстите рабовите - односно преклопете ја и до половина од палачинката со прстите залепете ги рабовите.. се лепи сосема лесно и така сите палачинки спремете ги, па со шприц полнете ги палачинките - имате фото-приказ. Добиената форма многу слили на цвет од Кала..
6. Можете да направите и триаголници од палачинките... ставете од филот и затворете ја палачинката во триаголна форма - стиснете ги рабовите.. ке се залепат.
-Триаголните форми ги полнев со јаболка- ситно насецкав јаболка, ја измешав со шеќер по вкус, додадов и цимет.. повторно добра палачинка.
Забелешка
Филот го напишав оригинал, но јас не го спремив тој фил туку наједноставно си направив крем фил во кој ги ставив ароматите бидејки ги имам благодарение на една фина госпоѓа која ми приреди пријатно изненадување, сакам да кажам дека филувајте ги со ваш омилен фил, а ви препорачувам да наполните некоја палачинка и со јаболка - одлично полнење.
Намерно оставив една палачинка до наредниот ден да видам како тестото ќе се однесува и тоа со филот од јабока... бев изненадена.. не знам причината да јаболковиот фил наредниот ден биде мнооооогу убав, - е поради тоа што беше затворен во триаголниците, навистина не знам, ама имаше вкус како џем од јаболка, затоа следните припремања ги правев само со фил од јаболка, но им додадов и малку ореви.. феноменални.
Драги мои, еве тоа е во врска со овие палачинки на друг начин.
Чашата е од 200мл
Лиценца: Сите права се задржани
Ќе се воздржам да не скокнам сега и да одам да ги правам во ниедно време
http://qni.blogspot.com/2013/03/blog-post_7.html