1. Квасецот се раствора во млакото млеко и се остава 10ина минути.
2. Во еден сад се ставаат брашното, солта и шеќерот и се промешува.
3. На брашното му се додава квасецот со млекото и растопениот путер и се замесува лепкаво тесто.
4. Тестото се префрла на набрашнета површина и се продолжува да се меси, ако е потребно се додава уште малку брашно за да се замеси меко тесто.
5. Тестото се остава да си го зголеми двојно обемот (40-50 минути).
6. Готовото тесто се расукува на кора со дебелина 1 сантиметар.
7. Со модла или чаша се сечат кругови и се ставаат на посипена со пченкарен гриз тавичка и исто така се посипуваат со гриз и одозгора.
8. Се оставаат да нараснат уште 30-40 минути на топло.
9. Готовите мафини се печат на рингла во суво тавче без масло за по 5 минути од двете страни и се готови.
10. Англиските мафини се отвораат со вилушка или се кршат на две со рака. Не се сечат со нож.
11. Се сервираат со путер, слатко, кајмак или по ваш избор.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови