Испечати

Англиски мафини

Англиски мафини

Состојки

  • 300 гр. брашно
  • 250 мл. млеко
  • 1 голема лажица растопен путер
  • 1 голема лажица сол
  • 1/2 голема лажица шеќер
  • 2 мали лажици сув квасец
  • 40-50 гр. пченкарен гриз

Подготовка

1. Квасецот се раствора во млакото млеко и се остава 10ина минути.
2. Во еден сад се ставаат брашното, солта и шеќерот и се промешува.
3. На брашното му се додава квасецот со млекото и растопениот путер и се замесува лепкаво тесто.
4. Тестото се префрла на набрашнета површина и се продолжува да се меси, ако е потребно се додава уште малку брашно за да се замеси меко тесто.
5. Тестото се остава да си го зголеми двојно обемот (40-50 минути).
6. Готовото тесто се расукува на кора со дебелина 1 сантиметар.
7. Со модла или чаша се сечат кругови и се ставаат на посипена со пченкарен гриз тавичка и исто така се посипуваат со гриз и одозгора.
8. Се оставаат да нараснат уште 30-40 минути на топло.
9. Готовите мафини се печат на рингла во суво тавче без масло за по 5 минути од двете страни и се готови.
10. Англиските мафини се отвораат со вилушка или се кршат на две со рака. Не се сечат со нож.
11. Се сервираат со путер, слатко, кајмак или по ваш избор.